Page 118 - ПАТЕКА 2
P. 118

Технологијата од ден на ден добива во квалитет. Во таков
            економски  однос  производната  цена  е  конкурентна  на
            пазарот.


            Од  овој  јасен  пример  не  сакам  да  посочам  дека  сите  ние
            треба да примениме ваков систем, затоа што ако сите земји
            на  светот  го  применат  овој  систем  по  неколку  години
            природно пак ќе дојде нова криза и таа ќе биде потешка од
            денешната.

            Централна  и  една  управа  за  целиот  свет  е  неминовен
            процес и е реалното решение за денешните проблеми. Во
            таков систем, каде целината ќе има еден интерес, нема да
            има никогаш економски кризи. Развојот на општеството ќе
            тргне  во  правата  насока.  Упростување  во  однос  на
            изедначување  на  еден  школски  систем,  еден  правен  и
            здравствен  систем  во  целиот  свет  е  неминовен  почетен
            процес  во  иднината.  Таква  поставеност  ќе  почне  да  дава
            позитивни  резултати.  Тоа  ќе  биде  првиот  чекор  што  ќе
            почне да ги разрешува наталожените негативните појави.

            Ова,  едноставно  кажано,  во  некој  иден  систем  би
            изгледало вака. Во една земја или област се бира пратеник
            кој  докажал  дека  има  индивидуални  способности  и  со
            својот  стекнат  авторитет  се  кандидира  за  пратеник  на
            Обединетите  нации.  Луѓето  го  гласаат  да  биде  нивни
            пратеник  во  светското  собрание.  Победата  на  кој  било
            избран пратеник се прогласува и тоа завршува тука.

            Народот кој го избира својот пратеник не може да извлече
            никаква корист затоа што помагал во кампањата затоа што
            пратеникот  веќе  ќе  нема  никаков  допир  со  луѓето  кои  го
            избрале.
                                         117
   113   114   115   116   117   118   119   120   121   122   123