Page 125 - ПАТЕКА 2
P. 125
нашол во тоа време го следел доминантниот систем на тоа
време. Секој поединец, индивидуалец е склон да наследи
од своите претходници.
Генералот кој наредил да се тргне во напад не е виновен
за тоа од проста причина затоа што ако не нападнал ќе бил
нападнат и убиен. Тој морал да ја исполни наредбата што
му била дадена.
Во минатото на човештвото имало плејада лоши ликови
кои направиле проблеми со големи последици. Но, тоа е
минато, условите биле биле одраз на тогашните
општествени односи. Зависно од општествените односи, во
минатото се раѓале и такви реакции од индивидуалните
чинители во тоа време.
Не треба да се плука на минатото, големината мора да се
гледа во решението за иднината. Иднината е најважна, таа
ќе го унапреди и одржи човештвото, тоа е најважно. Тоа е
суштината. Сите ние сме само дел од од некоја историја.
Идните наши генерации се најважното нешто за целото
човеково битие, тие ќе бидат креатори на иднината. Зарем
не би сакале вашите внуци да живеат подобро отколку што
живееме ние?
За ова да го претставиме во подобро светло мора да
карикирам разговори во различен историски период. Целта
на вакви примери е да се види разликата во минатото,
денес и во иднината, пораката е да се види напредокот на
човештвото.
Разговор на француските генерали во 1812 година за време
на Бородинската битка во Русија.
124