Page 120 - ПАТЕКА 2
P. 120

Замислете  колкав  притисок  имаат  судиите  денес  од
            политичките  партии  и  некои  други  субјекти  во  разните
            земји.  Новиот  систем  со  еднаков правен  систем  во  светот
            ќе донесе поквалитетен, непристрасен судски систем, не би
            се осмелил никој да врши притисок на судија затоа што и
            судијата  и  тој  што  врши  притисок  лесно  би  биле
            санкционирани.

            Пример: Одреден судија носи погрешна одлука и пресудува
            под  притисок.  Оштетениот  се  жали  до  Окружниот  суд  /
            второстепен  суд  за  неправдата  што  му  е  направена,
            Окружниот суд ја потврдува првостепената судска одлука.
            Обвинетиот дава жалба до Меѓународниот  суд  (Светски
            суд  кој  е  под  директна  контрола  на  Собранието  на
            Обединетите нации). На Меѓународниот суд се носи судско
            решение  дека  осуденото  лице  не  е  виновно  и  констатира
            дека  првите  два  суда не  донеле  правилна пресуда,  тогаш
            на  првиот  и  вториот  судија  автоматски  им  се  зема
            лиценцата  не  само  за  судии  туку  им  се  забранува  да
            работат во областа на судството, тие не смеат да работат
            ниту  како  адвокати  ниту  нешто  слично.  Се  разбира  дека
            ова  не  е  така  просто,  но  во  суштината  е  разбирливо.
            Ваквата состојба е груба за уво, но мора луѓето на светот
            да ги почитуваат законите. Законите се правила кои мора
            да важат за сите луѓе на светот.

            Овој  пример  дава  лична  сигурност  на  граѓанинот  дека  во
            иднина нема да има негативни појави во судството и дека
            тоа навистина ќе биде независно од надворешни фактори
            на притисок. Негативните општествени односи во иднината
            ќе се незначајни, дури и во целост ќе изумрат.


                                         119
   115   116   117   118   119   120   121   122   123   124   125