Page 121 - ПАТЕКА 2
P. 121

Школскиот систем ќе биде темел со кој идните генерации
            ќе се интегрираат во светските текови и светскиот прогрес.
            Природните  науки  во  светскиот  школски  системи  не  се
            разликуваат  во  суштината.  Тие  се  проучуваат  само  во
            различниот степен на проучување.


            Така  на  пример  2  +  2  =  4,  тоа  не  може  да  го  промени
            никој, разликата е во тоа дека во некои земји ова се учи во
            прво одделение , во некои во второ итн... Тука не може да
            се  вметне  демагогијата.  Природните  науки  се  егзактни.
            Општествените  науки  се  разликуваат,  во  некој  земји
            разликата е голема. Има големи разлики во основата и во
            пристапот. За некој земји црното е бело, белото е црно. Во
            иднина  книгите  и  предметите  во  прво  одделение,  второ,
            трето... ќе бидат исти во целиот свет. Тие книги ќе бидат
            напишани од најдобрите професори на целиот свет и сите
            книги  мора  да  бидат  општествено  признати.  Светското
            собрание  преку  неговите  институции  за  образование,
            секоја  книга  или  учебник  ќе  ја  потврди  и  одобри  за
            употреба.

            Историјата  е  многу  различна  и  спротивставена  во  многу
            земји.  Историјата  е  толку  нејасна  бидејќи  ја  пишуваат
            победниците, па создава фрустрации и нервози кај луѓето.
            Во   суштина  историјата      прави    големи    раздори  и
            нетрпеливост,  не  знам  дали  грешам,  но  јас  лично мислам
            дека историјата не е важна, важна е иднината.

            Не е важно и не се сеќаваш што си јадел во петокот, важно
            е  денес  каква  ќе  биде  трпезата.  Се  вели  ајде  нашите  и
            вашите историчари да се состанат и да изградат ист став.
            Потребно е да се каже чија е спорната територија - наша

                                         120
   116   117   118   119   120   121   122   123   124   125   126