Page 127 - ПАТЕКА 2
P. 127

Направија  план  како  да  влезат  во  куќата  и  како  да  го
            обијат сефот.

            - А да те прашам, ако работите тргнат во лоша насока, што
            ќе правиме?

            - Нема што да се прави, таму има тројца луѓе и две деца,
            ако тргне нешто наопаку ќе ги убиеме сите и така нема да
            оставиме  никаква  трага.  Тие  во  суштина  не  треба  ни  да
            живеат, доста им беше.


            - Добро и јас мислам така...

            Денес нема морал, чесност, етика, сè се врти околу парите.
            Секој  би  направил  сè  за  пари.  Парите  овозможуваат  сè!
            Животот е многу добар кога се имаат пари. Кој нема пари
            тешко нему, но кој има пари блазеси му. Ова е вистина која
            владее со светот денес.


            Патеката на развој на човештвото треба да се насочува во
            правилна насока во која моралот, чесноста, етиката ќе се
            најважни во иднината. Па затоа ви давам еден разговор кој
            што ќе се случи во 2119 година.

            Во  истражувачкиот  центар  САХАРА,  кој  се  наоѓа  на
            североисток  од  центарот  на  Сахара,  се  наоѓа  група
            научници  кои  имаат  голем  проблем.  Тие  утврдија  дека
            голем  астериоид  кој  беше  неколку  стотици  километри  на
            6.4. 2119 година, точно во 7 часот по лондонско време ќе
            удри во северниот дел на Аљаска. Џорџ Смит како главен
            директор  на  центарот  го  соопшти  ова  на  утринскиот
            состанок.



                                         126
   122   123   124   125   126   127   128   129   130   131   132