Page 123 - ПАТЕКА 2
P. 123

Исто  ниво  се  постигнува  со  еднакво  образование,  т.е.
            еднаков  школски  систем.  ОТтука  се  појавува  потреба  од
            изедначување на школскиот систем во светот.


            Од  каде  пари  за  изедначување  на  школскиот  систем  во
            целиот свет?

            Идното  Светско  собрание  во  Обединетите  нации  ќе  има
            буџет    со   кој   ќе   го   финансираат,     контролираат,
            унапредуваат,  усогласуваат  школскиот  систем  во  целиот
            свет.  Буџетот  ќе  се  полни  од  даноци  во  целиот  свет.  На
            пример 1% од данокот на промет во целиот свет.


            Јас  мислам  дека  богатите  луѓе  денес  кои  сакат  да  бидат
            хумани  и  сакаат  да  дадат  пари  за  вакви  цели  некогаш
            имаат  задршка  затоа  што  мислат  дека  нивната  донација
            некој  ќе  ја  злоупотреби.  Ваквиот  систем  ќе  биде
            транспарентен  и  секој  кој  сака  да  помогне  ќе  има  верба
            дека своите пари ги дал на право место.

            Рубиковата  коцка  е  многу  сложена  да  ја  наместиш,  но  со
            многу работа и труд се успева. Упорност, волјата, крајниот
            резултат  е  силен  мотив.  Успехот  на  секоја  индивидуа  е
            содржан  во  генетиката  на  секој  човек.  Меланхолијата  се
            победува со работа и успех. И денес успешен човек е горд
            и среќен за постигнатите лични резултати. Поради ваквата
            генетика  на  човештвото  крајниот  успех  е  неминовен.
            Човековата генетика ми дава право за оптимизам.

            Утопија  е  денешниот  период,  денешното  време  на
            живеење,      неизвесен,      депресивен,     меланхоличен,
            исцрпувачки живот во кој се гледа магла и сивило. Таков е
            светот денес, тоа е денешната утопистичка реалност.

                                         122
   118   119   120   121   122   123   124   125   126   127   128