Page 116 - ПАТЕКА 2
P. 116
Демократски избори во речиси сите земји на светот
повлекуваат голем број луѓе кои помагаат на изборите за
да победи нивниот кандидат. Тука се поставува прашањето
зошто некој индивидуалец да биде ангажиран во некој
избори и тој своето време или лични пари да ги троши за
некој кандидат? Одговорот е јасен, личната корист е
мотивот за неговиот ангажман. Ако победи нивниот
кандидат сите луѓе кои работеле на кампањата се
згрижуваат од страна на кандидатот што победил.
Згрижувањето најчесто се состои со вработување во
државните институции и слични нешта.
Пирамидалниот систем на поставеноста на секоја голема
партија повлекува многу голем број луѓе. Таквата
поставеност на партиите по победа на избори ги згрижува
своите членови.
Таквиот однос резултира со неограничено намножување и
мултиплицирање на бирократијата и од претходните
избори. Целата таа маса бирократи во суштина е производ
на таканаречениот демократски систем кој владее денес.
Оттука се поставува простото прашање, дали политичкиот
кандидат може да победи на избори без да е поддржан од
политичка партија? Тоа е невозможно, Ова се потврдува со
прашањето кога во САД победил независен кандидат за
претседател? Откако паметам јас одговорот е негативен.
Од ова може слободно да се рече дека во светот имаме
бирократска класа која во бројки и проценти е најголема
класа во целото општество. Бирократската класа не е
цврста и неменлива, таа се шири и зголемува на секој
избор, има примери од некои земји во кои бирократската
115