Page 115 - ПАТЕКА 2
P. 115

18



            Денес  во  светот  речиси  во  сите  земји  владее  политички
            систем  кој  нема  перспектива  и  иднина.  Изборот  на
            демократскиот  систем  не  е  повеќепартиски,  тој  слободно
            може  да  се  преименува  во  двопартиски  систем,
            меѓусебната  долгогодишната  борба  на  повеќе  партии
            математички природно го даде овој резултат.

            Од  ден  на  ден  државниот  апарат  се  зголемува  поради
            условите во кои се наоѓа целиот систем. Тоа е резултат од
            партиските  демократски  системи.  За  да  го  анализираме  и
            третираме  мора  да  се  прашаме  каков  политички  систем
            владее денес во речиси целиот свет?

            Одговорот на ова прашање е многу комплексен, тоа треба
            да се проучува од сите научни дисциплини за да се открие
            дали  овој  денешен  систем  е  добар  или  не.  Како  прво,
            мораме  да  почнеме  со  анализа  каква  популација  имаме
            денес или какви класи постојат во државите во светот.


            Денес бирократската класа е најбројна во секоја земја. Таа
            е  производ  од  системот  кој  владее  денес.  Политичкиот
            систем  денес  неминовно  продуцира  многу  луѓе  кои  се
            намножија или изродија со политичкиот систем кој владее.
            Поставеноста  на  денешната  таканаречена  демократија  е
            платформа каде се развива и проширува бирократијата.


                                         114
   110   111   112   113   114   115   116   117   118   119   120