Page 113 - ПАТЕКА 2
P. 113
Се разбира дека не, и денес имаме државна и локална
власт. Тие ќе продолжат да си работат затоа што државите
ќе егзистираат како територии или области во една и
единствена држава ЗЕМЈА, ништо нема драстично да се
смени.
Се вадат само рампите на вештачки направените граници,
тоа ќе биде процес во кој квалитетот на развитокот ќе биде
паралелен со зближувањето на целината. Ова би значело
дека една ниско развиена земја потпомогната од целината
треба да се развива и менува за побрзо зближување во
целината.
Кога ќе почнат државите да се приближуваат, ќе почнат да
се приближуваат и нивните цели и интереси. Една цел и
интерес во целиот свет ќе биде првиот сигнал дека ќе
навлеземе во ново општествено уредување.
Јас сигурно дека нема да бидам жив кога тоа ќе се случи,
но би сакал да живеам во таков свет. Сега кога мислам на
тоа време јас сум многу љубоморен што сум се родил во
погрешно време.
Период на приближување на денешните држави во една
целина ќе биде долгогодишен период. Прв чекор на
приближување мора да се направи уште денес.
Воспоставување на прогрес во идиот општествен развој се
денешните задачи на целото општество. Поставувањето на
нови темели на Обединетите нации во кои секој еден
индивидуалец би препознал јасна насоки за подобар
општествен развој.
112