Page 112 - ПАТЕКА 2
P. 112

Многуте  држави  во  светот  сами  по  себе  имаат  свои
            интереси  и  цели  затоа  се  претставуваат  како  целини.
            Државата  никогаш  ниту  била  ниту  ќе  биде  целина.
            Вистинска  целина  претставува  една  држава  или  едно
            општество на целиот свет.


            Не  постојат  општества  во  светот  туку  постои  општество,
            едно  и  единствено,  и тоа  претставува  целина.  Денешната
            расцепкана  целина  е  главната  причина  за  денешните
            светски проблеми. Мора да се утврди дијагнозата за да ја
            излечи болеста.

            Реално денес постојат сиромашни и богати земји. Едни на
            други  вршат  притисок поради  нивната  суштина  на  развој.
            Богатите земји се изложени на секојдневни емигранти кои
            се доселуваат од сиромашните делови од светот. Другите,
            пак, се преплавени со производи кои не можат да ги купат.
            Имаме и такви земји кои живеат супстандардно, немаат ни
            основни животни услови.

            Сиромашните земји се под притисок од немоќта кон развој
            или тој развој е незначаен, што ги прави инфериорни. Во
            суштина  ваквиот  денешен  однос  во  целиот  свет  има
            притисок кој носи негативни последици во целиот свет.

            Примената  на  дијалектичкиот  реализам  ќе  нè  подигне  на
            следното скалило на општествениот живот.

            Да се вратиме на поставеното прашање за да пронајдеме
            на кого би му пречело целиот свет да биде високо развиен.

            Државните  бирократи  кои  работат  во  државите  во  светот
            ќе бидат загрозени?

                                         111
   107   108   109   110   111   112   113   114   115   116   117