Page 185 - ЦЕЛИНА
P. 185

АФОРИЗМИ

                              (Животни	и	етички	мисли)

                                 НА	ТОНИ	ГИЧЕВСКИ

                                ОД	КНИГАТА	„ЦЕЛИНА“



            Животните	 сознанија	 и	 свест	 се	 здобиваат	 со	 искуството.
            Искуството	 не	 само	 врвен	 учител,	 тоа	 ни	 ги	 отвора	 вратите	 на
            реалноста	и	ни	ја	покажува	нејзината	суштина.	Тоа	е	исто	така	и
            патеводител,	ни	го	посочува	патот	по	кој	како	личност	треба	да
            одиме	 ако	 сме	 заинтересирани	 да	 правиме	 добри	 дела	 и	 да
            бидеме	истакнати	членови	на	заедницата.	Тогаш	тие	сознанија	се
            обликуваат	 во	 мисли	 за	 животот	 и	 за	 моралот,	 кои	 имаме
            храброст	да	им	ги	претставиме	и	на	другите,	верувајќи	дека	сите
            заедно	може	да	дејствуваме	правилно	и	да	се	поддржуваме	во
            нашата	 голема	 животна	 борба	 за	 создавање	 целина	 и
            реализација	на	дијалектичкиот	реазлизам.

            Тие	животни	и	морални	мисли	се	оформуваат	како	афоризми	–
            поуки	за	кои	може	со	полно	срце	да	кажеме	дека	се	исправни.
            Верувањето	 во	 нивната	 содржина	 произлегува	 од	 нашето
            постоење	како	исправни	и	етички	суштества.	Не	се	стегаме	да	ги
            изложиме,	 бидејќи	 се	 производ	 на	 нашата	 полна	 свест	 за
            потребните	 нешта	 во	 егзистенцијата.	 Од	 нашата	 книга,	 која	 е
            резултат	на	нашите	надежи	и	желби	дека	го	говориме	она	што	е
            нужно	 за	 современото	 и	 идното	 живеење	 на	 човештвото,
            изделивме	 низа	 такви	 стегнати	 идеи,	 во	 кои	 лаконски,	 со	 куси
            зборови,	 говориме	 во	 стилот	 на	 ставовите	 на	 најголемите
            мислители.	 Ги	 цитираме,	 ги	 оправдуваме	 нашите	 погледи	 и
            ставови,	за	кои	се	надеваме	дека	луѓето	ќе	ги	спроведуваат	како
            важни	животни	поуки,	со	кои	ќе	си	освојат	за	себе	и	за	сите	други
            среќа	и	спокојство.


                                          183
   180   181   182   183   184   185   186   187   188   189   190