Page 178 - ЦЕЛИНА
P. 178

Менување	и	организирање	на	општествените	односи	ќе	ги	смени
            колективните	 потреби,	 колективното	 препознавање	 на	 доброто
            ќе	 ја	 смени	 единката.	 Никогаш	 не	 може	 единката	 да	 ја	 смени
            целината.	Од	оваа	причина	мудреците	секогаш	се	издигнувале	и
            ним	 луѓето	 им	 се	 восхитувала,	 но	 мудрецот	 не	 можел	 да
            направил	промена	на	општествените	односи.

            Многуте	мајстори	на	филозофијата,	големи	луѓе,	па	дури	и	Исус,
            сакале	да	ги	сменат	општествените	односи,	но	ни	тие	не	успеале.
            Општествените	односи	може	да	се	сменат	само	со	колективното
            признавање	и	планирање	на	иднината.

            Општеството	треба	да	се	гради	со	желба	и	љубов,	инспирирано
            од	Аристотел	како	филозоф	на	динамиката.	Тој	вели,	најважна	е
            активноста	 на	 унапредувањето	 на	 живеењето	 и	 на	 неговите
            квалитети.	 За	 него	 вистинската	 смисла	 на	 постоењето	 е
            достигање	на	најдоброто.	Аристотел	етиката	ја	гради	како	наука
            за	изборот	и	остварувањето	на	најдоброто	решение.


            Инспирацијата	 за	 добро	 дело	 се	 добива	 од	 желбата	 да	 се
            сподели	 добрината	 која	 е	 откриена.	 Многу	 мудреци	 за
            откривање	 на	 доброто	 тргнуваат	 од	 својот	 разум	 или	 разумно
            расудување.	 Разумот	 треба	 да	 биде	 со	 правилно	 расудување	 и
            мислење	 за	 проблемот	 кој	 постои	 во	 денешните	 општествени
            односи.	 Денешниот	 живот	 и	 постоење	 на	 нештата	 треба	 да	 се
            решаваат	 разумно.	 Правилното	 размислување	 за	 нешто	 е
            производ	на	разумот.

            Мудрецот	 мора	 да	 има	 искуство	 со	 кое	 се	 досетува	 и	 открива
            добри	средства	со	кои	се	прави	добро	дело.

            Секој	 мудрец	 мора	 да	 има	 способност	 и	 проникливост	 со	 која
            донесува	правилен	суд	за	некое	постоење.

            Донесувањето	 правилен	 суд	 за	 нештото	 мора	 да	 биде
            општествено	признато.



                                          176
   173   174   175   176   177   178   179   180   181   182   183