Page 181 - ЦЕЛИНА
P. 181

Врз	карактерот	кој	почнува	да	се	оформува	на	таа	возраст	има
            разни	влијанија:	во	каква	околина	живее,	кој	го	воспитува,	кои
            му	се	другарчињата,	со	кого	се	дружи,	во	кое	училиште	учи,	кој
            го	 учи	 и	 каков	 има	 карактер	 тој	 што	 го	 учи.	 Подоцна,	 кога	 ќе
            порасне	и	почне	да	работи,	важно	е	што	ќе	работи,	дали	ја	сака
            да	ја	работи	таа	работа,	со	кого	ќе	работи.	Сето	тоа	има	големо
            влијание	 за	 оформување	 на	 карактерот	 на	 секој	 човек.
            Карактерот	  секогаш	  врши	   промени,	   оформувањето	    на
            карактерот	зависи	од	општествените	односи.	Во	зависност
            од	 целта	 на	 општествените	 потреби	 во	 даденото	 време,	 такви
            карактери	имаме	во	тоа	време.
            Менувањето	 на	 општествените	 односи	 ќе	 донесе	 нови
            карактеристики	 во	 карактерот	 на	 човекот.	 Дефинициите	 на
            Теофраст	за	разните	карактери	ќе	продолжат	затоа	што	човекот
            ќе	 се	 менува.	 Секој	 би	 се	 прашал	 зошто	 поминале	 илјадници
            години,	а	карактерите	останале	речиси	исти?	Одговорот	е	многу
            едноставен:	 „Затоа	 што	 општествените	 односи	 не	 се
            промениле“.

            Аристотел	 ја	 истакнува	 средината	 како	 причина	 за	 одредено
            однесување	на	човекот,	тој	вели:

            „Средината	е	она	што	е	подеднакво	оддалечено	од	претераноста
            и	од	недостигот,	од	едната	или	од	другата	крајност.	Средината	е
            она	што	не	е	ниту	премногу	ниту	премалку“.
            Златната	 средина	 на	 Аристотел	 треба	 да	 ни	 даде	 поттик	 за	 во
            иднината.	Секогаш	идната	средина	е	поголема	или	подобра	од
            минатата	средина.

            Крајна	цел	на	општеството	е	размислувањето,	кое	ќе	му	укаже	на
            човекот	 како	 да	 живее	 достојно	 и	 сообразно	 на	 човечката
            природа.	 Логиката	 и	 физиката	 помагаат	 подобро	 да	 се	 изгради
            етиката.



                                          179
   176   177   178   179   180   181   182   183   184   185   186