Page 177 - ЦЕЛИНА
P. 177
Умот нека ти биде водач е основна идеја врз која се гради
Европската Унија, но дали е ова искрено, да се создаде една
мала целина на еден мал континент или е декларација зад која
се кријат интереси и ништо друго.
Градење мала целина и чувствување дека е целина не е ништо
друго освен измама кон себеси и околината. Целината постои
илјадници векови, таа е вештачки поделена од лични интереси.
Колективното признавање на реалната состојба мора да се
признае и утврди за да се тргне во вистинска насока. Тоа е
првиот предуслов, јасното искажување на реалната состојба ќе
донесе понатамошен непречен развој на општествените односи.
Секој проблем или однос, ако се детектира со јаснотија, е лесно
решлив.
Осознавање на доброто е во суштина процес кон создавање на
морален човек, кој применува етика во однесувањето. Во
историјата мудреците ја откривале добрината, ја пренесувале, но
човекот не ја примал со задоволство поради моментите на лично
уживање. Имаме две паралелни однесувања, распознавање на
доброто и задоволување на човекот со неморално однесување.
Денес ако се однесуваш морално, тогаш го губиш личното
задоволство. Парите, кои се на прво место за сигурност на
човекот, се денeшна реалност, мудрецот е во паралелен однос со
чувствата на секој човек од денешницата, тој е присутен во
чувствата на човекот. Се восхитуваш на мудрецот, а ги сакаш
парите. Таква е реалноста денес.
Да се отфрлат парите од употреба во општеството би настанал
хаос, да бидеш морален би станал црна овца за околината.
Човекот се определува за парите затоа што неговото
опкружување е определено и така се однесува, тој не сака да
биде сам и се приклонува кон опкружувањето.
Системот на општествените односи прави притисок и ја
дефинира положбата на однесувањето.
175

