Page 182 - ЦЕЛИНА
P. 182
Луѓето се лоши сè додека не се усовршат. Човекот има природна
дарба за разумно мислење. Човекот со учење може да стане
морална личност. Во иднината главната цел е полн развиток на
разумот. Целта е да се живее сообразно со разумот. Општеството
мора да има начела и никогаш не смее да дојде во судир со нив,
така општеството ќе се здобие со слобода, среќа, спокојство и
благосостојба.
Верноста на човекот кон општеството е морална должност,
занемарување на верноста е малверзација за лични цели.
Денешните општествени односи, кои се нецивилизирани и
нехумани, се одраз на заблудениот разум, тој треба да се
изедначува и развива, тоа е морална должност на човекот.
Секој општествен однос зависи еден од друг затоа што сите
општествени односи се зависни помеѓу себе. Целината мора да е
хомогена за да напредува.
Разумот е човекова предност, тој е израз на сознанија за
должноста од каде потекнува моралот. Изедначувањето на
разумот ќе го издигне и колективниот морал, а тоа ќе се добие
во создадена целина. Правдината е вистинитост која целината ја
потврдува. Правдината денес за едни е правдина, а за други не е,
од причина дека целината е поделена. Зошто постојат денешните
армии и кој ги управува? Секоја држава има своја војска за да ги
брани интересите на својата земја, значи денес чија било армија
брани интереси од делови на целината. Армијата треба да го
брани доброто и со тоа моралните вредности. Моралот не е
делив, етиката не може да се подели, армијата пред сè мора да
се бори за правдината, која е неделива. Една армија во целиот
свет ќе се бори за правдината подеднакво во целината, таквата
состојба ќе создаде мир, а војните нема да постојат.
Човекот мора да му се покорува на разумот за да напредува
општеството и да се решаваат општествените проблеми, тоа е
должност на човекот. Само разумот треба да го води човекот по
вистинскиот пат. Чувството за должност треба да се вгради во
180

