Page 183 - ЦЕЛИНА
P. 183
целината, кај младите поколенија, при еднакво образование, во
кое ќе се учат моралните вредности. Прва задача на еднаквиот
училишен систем е да се изучува правдината, никој никому да не
му прави зло, како и заедничките нешта да ги користиме само за
заеднички цели. Еден образовен систем ќе ги образува младите
во целиот свет, со што ќе почне изедначувањето на луѓето. Во
целината мора да се обрне внимание да се пренесат основните
човекови карактеристики - добродетелство, мудрост, разумност,
храброст, праведност, великодушност, издржливост,
воздржаност, концентрација, самоконтрола....
Образовниот систем треба да ги насочи младите поколенија да
ги отфрлуваат пороците, како што се зло, омраза, гнев, страв,
неправедност, злоба, љубомора, алчност... и да ги препознаваат
лошите совети. Образовниот систем мора да ги образува
младите да бидат КОСМОПОЛИТИ, да се чувствуваат жители на
светот, да ја сакаат целината и да се борат за развојот на целото
општество.
Светското собрание и неговото создавање ќе има за цел да
создава задоволен човек и задоволно општество. Општествениот
развој на задоволни луѓе со позната иднина на правичност и
лична мотивираност ќе го намали злото кое владеело и владее .
Целината ќе му даде на човекот сила за создавање добро
однесување.
Искористување на целината за свои лични цели не е само срам,
туку е и злосторство. Должноста на човекот во целината е да го
почитува животниот морал.
„Пријателство постои само помеѓу добри луѓе, од пријателот
не смееш да бараш нечесни работи, ниту да ги правиш ако тој
тоа го бара од тебе“.
181

