Page 174 - ЦЕЛИНА
P. 174
Во иднина, зборот емиграција и емигранти ќе биде непознат.
Национализмот нема да може да егзистира затоа што нема да
има нации. Отпор и ќе има, но целината ќе се бори секојдневно
да се постигне целта. На секоја спортска трка стартот е
оддалечен од целта, значи логично дека е потребно време да се
дојде до целта.
Расизмот е создаден и владее од субјективни причини, кои
имаат свои цели. Колективите кои се во предност од историско
објективни причини, во иднина треба да се изедначуваат.
Изедначувањето не треба да создаде конфликти од кој било вид,
незадоволството треба да се контролира од целината. Со
изедначување секоја единка и секој колектив ќе имаат корист.
Расизмот во иднина ќе биде заборавен и непознат. Луѓе во
мешани бракови… црни… бели… црвени. Најубавите луѓе се
мелези. Во иднина сè ќе биде поразлично, подобро од денес,
различноста на изгледот нема да претставува суштина за делење
во целината. Традиционалните вредности ќе бидат заборавени и
негативните влијанија од состојбата ќе се надминуваат со нови
суштински вредности.
Кога ги анализираме денешните општествени односи и се
обидуваме да ги разбереме како логични и вистинити, добиваме
чудни чувства на нелогичност.
Нормални општествени односи има во мал број или формата е
логична, но суштината е изместена. Целиот свет е притеснет, во
стега, во рамка во која некој наметнува смешни правила.
Видлива е реалноста на дискредитација на цели држави и
области.
Дали е логично да се плаќа данок на имот, рата за автомобилот,
собирање пари за школување на своето дете, осигурување на
куќата во која живееме, бензин за автомобил што ја загадува
животната средина и многу други трошоци кои тешко и мачно се
плаќаат? Животот се состои во намирување на потребите за
172

