Page 176 - ЦЕЛИНА
P. 176
смешен интерес. Некој заработил големи пари, унесреќил многу
животи и купил острово каде што живее сам... Смешно е што и
Робинзон Крусо живееше сам на рајско острово.
Чуден е системот кој ни е наметнат денес, ние сме окупирани со
материјалното, кое во суштина е празно. Купуваш остров со
некоја егзотична плажа, седиш сам како напуштено куче и
истовремено плаќаш за некакво интервју, во кое новинарот ги
објавува фотографиите направени во прекрасната куќа и на
убавата плажа. Луѓето што го гледаат тоа, љубоморно и со
восхитување сакаат да го постигнат истото. Каква измама!?
На тажен и осамен човек да му завидуваш е смешно и тажно,
треба да го сожалуваш и да му помогнеш и да го интегрираш за
да го направиш среќен. Имаме примери каде денешни мега
богати и познати луѓе се уништувале сами поради денешните
општествени односи, а целиот свет се чуди и се прашува како е
можно да се случи такво нешто.
Колективна радост и колективно спокојство е целта кон која ние
треба да тежнееме и да се бориме. Индивидуалната радост и
спокојство се форма која нема суштина. Сам да се радувам?! Сам
се радувам е болест!
Кога бев мал слушнав една поговорка или искажување на еден
локален мангуп:
„Јас ако не кажам на своите пријатели дека сум имал сексуален
однос исто како да не сум го имал“
Ова е многу груб и бесмислен пример, но има некоја филозофија
во тоа искрено чувство.
Позитивното е тоа дека радоста сака да се сподели со друг. Не е
важно дали е добра или лоша суштината. Примерот е брутален,
но искрен и открива радост која сака да биде споделена со друг.
174

