Page 173 - ЦЕЛИНА
P. 173

Светското	собрание	со	своите	институции	ќе	ги	контролира	сите
            делувања	во	системот	на	живеењето.	Светското	собрание	според
            принципот	на	демократски	односи	со	општествено	признавање
            на	 сите	 закони	 и	 организираност	 на	 општеството	 нема	 да
            дозволи	или	ќе	забранува	лоши	дејства	во	целината.
            Криминалците	нема	да	постојат	затоа	што	системот	нема	да	ги
            дозволи.	 Секоја	 идеја	 со	 која	 ќе	 се	 добие	 општествено
            признавање	 ќе	 биде	 добредојдена.	 Во	 иднина,	 идеите	 за
            подобрување	 на	 животот	 на	 луѓето	 ќе	 се	 поднесуваат	 до
            собранието	 на	 светот	 и	 ќе	 бидат	 разгледувани.	 Ако	 се	 добри,
            општеството	ќе	ги	прифати,	но	ако	не	се	добри,	ќе	биде	дадено
            образложение	зошто	не	се	прифаќаат.


            Следи	прашањето	кој	ќе	оценува	дали	идејата	е	добра	или	не.
            Секој	 општествен	 однос	 мора	 да	 е	 општествено	 признат,
            дијалектичкиот	 реализам	 нема	 да	 остава	 случајности	 кои	 ќе
            произведуваат	 незадоволство.	 Незадоволните	 единки	 или
            колективи	 своето	 незадоволство	 јасно	 ќе	 го	 изразуваат	 до
            локалните	 канцеларии,	 во	 кои	 најголема	 надлежност	 ќе	 има
            пратеникот	на	светското	собрание	за	таа	област.	Ако	пратеникот
            не	 може	 сам	 да	 го	 реши	 проблемот,	 тој	 мора	 да	 го	 претстави
            проблемот	 во	 светското	 собрание	 за	 да	 се	 разгледува	 и	 да	 се
            дојде	 до	 решение.	 Целиот	 свет	 ќе	 се	 изедначува	 со	 текот	 на
            времето.	Луѓето	мора	да	разберат	дека	изедначувањето	нема	да
            биде	лесно	и	брзо,	но	целта	ќе	биде	постигната.

            Изедначување	на	деловите	од	целината	не,	значи	давање	помош
            на	 неработниците.	 Изедначувањето	 е	 доаѓање	 до	 еднаквост	 на
            развивање	на	целата	планета.	Значи,	нема	уривање	на	системите
            кои	 постојат	 денес,	 туку	 надградување	 со	 демократски
            дијалектички	 реализам	 кој	 ќе	 биде	 потврден	 од	 целината.
            Таквата	состојба	во	иднина	ќе	доведе	до	развој	со	кој	полека,	но
            сигурно	ќе	се	добива	задоволство,	ќе	се	намалува	потребата	од
            лична	 сопственост,	 а	 ќе	 се	 зголемува	 свеста,	 а	 целината	 и
            нејзиниот	брз	развој.


                                          171
   168   169   170   171   172   173   174   175   176   177   178