Page 179 - ЦЕЛИНА
P. 179
За да се покаже вистината или доброто, секој мудрец мора да
поседува способност на снаодливост за изнаоѓање пат по кој
нештото мора да се направи.
Проблемите кои постојат се решаваат со интелектуална
способност да се стават на разгледување, тоа е предуслов за
решавање на проблемот. Ваквиот пристап за откривање на
доброто дава можност за откривање на вистината.
„Животот носи повеќе разочарувања отколку полза“.
Ова е мисла искажана од големиот филозоф и мудрец Теофраст
( роден во 370 год. п.н.е.) Ваквото сознание тој го открил пред да
умре во длабока старост. По толку векови денес ние се наоѓаме
во потешка состојба. Во денешно време имаме борба за
материјалните добра, парите се наша цел и мислиме дека со
повеќе пари ќе добиеме поголема среќа и ќе бидеме поспокојни.
Доаѓање до целта која сме ја замислиле е времена среќа, таа
трае кратко. Животот продолжува и ние пак се разочаруваме. Сè
додека нашата цел е на ниско рамниште не можеме да го
добиеме спокојството. Висока цел е извишување, подигање на
повисоко ниво на општествениот развој.
Возбудата што ја имаме при времената среќа се јавува, но брзо
изумира. Константното спокојство треба да е наша цел во
иднината. Секој родител сака неговите деца да имаат
перспектива и благосостојба, тие се борат, ги учат и школуваат
своите деца да заземат подобра позиција во општеството, тоа се
смета за добро и нормално, но сè додека не се случи такво
нешто, родителите се загрижени. За да се постигне тоа се
вложува голем труд и жртви затоа што нема организирано
општество. Организираните и цивилизирани општествени
односи ќе ја префрлат и регулираат енергијата за повисоки цели.
Трудот и енергијата кои се трошат денес за нашите потомци да
живеат подобро треба да е проблем за решавање од страна на
општеството.
177

