Page 180 - ЦЕЛИНА
P. 180
Карактерот e поим што го означува она што е потрајно,
специфично кај личноста, како и нејзиниот начин на однесување.
Правилноста во однесувањето на секој човек е содржана во
карактерот, ова би значело дека човекот има можности или
основа да биде добар за во иднината.
Во етичка смисла карактерот е морална страна на една личност.
Ако се знаат моралните својства, насоки и дела на личноста,
нејзините етички начела, од неа може да се очекуваат позитивни
или негативни морални постапки.
Теофраст дава дефиниции за некои карактери,
Лицемерот е оној кој се преправа, како израз на склоноста да се
сокриваат и преиначуваат зборовите и делата.
Арогантноста е непристоен и подбивен шегобиец.
Себељубието е презирање на сите други освен себеси.
Користољубивоста е страст да се дојде до материјална корист
без оглед на честа и достоинството.
Суетноста е ситничав стремеж за истакнување, недостоен за
слободниот човек.
Бесрамноста е понижување на својата чесност, за да се
заработи нешто на срамен начин. Бесрамникот може да пријде
на човекот што го измамил и повторно да бара заем од него....
При анализа на секаков карактер мораме да навлеземе во
суштината како тој се гради и формира и дали тој може да се
смени. Карактерот почнува да се гради кога човекот се осознава
себеси. Секој човек се сеќава на првите години од својот живот ,
најчесто тоа е на 3, 4 или 5 години од возраста. Во тоа време
човекот реално доаѓа во контакт со средината и општеството.
178

