Page 172 - ЦЕЛИНА
P. 172
на планетата со самото раѓање е морален чин или дејствие за
постигнување на целта. Чипот има позитивни и негативни
реперкусии. Позитивните страни се:
1. Секоја единка во светот ќе има контрола на својата
здравствена состојба, превенцијата за човековото здравје ќе
биде од голема корист.
2. Навремено и брзо откривање на луѓето кои се наоѓаат во
тешки ситуации и незавидни околности.
3. Откривање луѓе кои се погодени од природни катастрофи.
4. Детектирање луѓе кои вршат злодело при дејства кои
повредуваат други луѓе.
5. Спречување криминални дејства во моментот на делувањето.
6. Слободно движење на луѓето во целиот свет и нивна сигурност
и безбедност.
7. Многу други позитивни нешта каде моралниот човек ќе биде
заштитен од насилство и неправда.
Негативните страни на вградувањето чип кај луѓето се:
1. Губење на релативна слобода на човекот.
Губењето слобода е апстрактен поим. Слободата за правење
лоши нешта предизвикува зло. Поставувањето чип кај човекот
значи превенција за владеење на доброто. Слободата на
движење денес создава несигурност.
2. Губење на интимност или нешто што не треба да се сподели со
јавноста, на пример сексуални односи и слични дејства.
За ова да не се злоупотребува мора да биде заштитено со закон,
кој ќе санкционира злоупотреби.
170

