Page 150 - ЦЕЛИНА
P. 150

гинат	 илјадници	 луѓе	 во	 интерес	 на	 зграпчување	 на	 профитите
            кои	ги	создава	нафтената	индустрија.


            Планирањето	на	иднината	нема	да	дозволи	никаков	економски
            хаос,	 планирањето	 во	 иднината	 ќе	 донесе	 само	 прогрес	 и	 брз
            општествен	развој.	Денес	секое	семејство	има	свој	краткорочен,
            среднорочен	и	долгорочен	план.

            Без	 план	 ниедно	 семејство	 не	 функционира	 добро.	 Значи	 и
            денес	луѓето	планираат,	планирањето	во	целината	ќе	придонесе
            човекот	да	биде	релаксиран,	неговата	загриженост	за	иднината
            ќе	 биде	 решена	 од	 целината,	 човековата	 сигурност	 ќе	 создаде
            енергијата	 да	 се	 насочува	 во	 вистинска	 насока.	 Економските
            кризи	 и	 колабирања	 се	 создаваат	 од	 неорганизираност	 и
            делување	 на	 сили	 кои	 се	 негативни	 за	 општеството.
            Организирана	и	планирана	целина	создава	благосостојба	во	која
            животната	средина	ќе	биде	чувана	од	причини	што	носи	општа
            корист.


            Луѓето	 треба	 да	 се	 ангажираат	 за	 нормални	 цели,	 а	 не	 за
            примитивни	 нешта	 кои	 денес	 се	 прикажани	 како	 главна
            индивидуална	 цел.	 Ваквата	 состојба	 во	 иднина	 мора	 да	 се
            менува.	Парите	биле	сè,	така	велат	многу	луѓе,	има	ли	вистина	во
            ова?	 Причината	 за	 ваквото	 оправдување	 и	 навидум	 реална
            состојба	треба	да	се	гледа	во	контекстот	на	тоа	дали	денес	луѓето
            се	задоволни	или	не.
            Суштината	 е	 изопачена	 и	 заменета	 со	 формата	 во	 која	 е
            навлезена	 демагогија	 со	 која	 се	 создава	 мислење	 дека	 така
            треба	да	биде.	Парите	се	измислени	како	средство	за	размена,
            тоа	е	основата	на	тоа	зошто	постојат парите.
            Парите	 во	 иднина	 нема	 да	 се	 важни	 и	 со	 тек	 на	 времето	 ќе
            исчезнат,	 но	 за	 таков	 однос	 и	 устројување	 на	 основата	 или
            суштината	потребно	е	време.



                                          148
   145   146   147   148   149   150   151   152   153   154   155