Page 155 - ЦЕЛИНА
P. 155

„Ако	 сме	 сите	 ние	 деца	 на	 Адам	 и	 Еве,	 значи	 ние	 сме	 сите
            роднини,	 па	 дали	 роднините	 треба	 да	 се	 убиваат?	 Ние	 имаме
            една	 историја.	 Зошто	 историјата	 е	 различна	 ако	 ние	 сме
            роднини?“

            На	 целината	 ѝ	 треба	 организираност	 за	 да	 функционира
            нормално.	Неорганизирана	целина	се	на	делови	кои	се	секогаш
            во	конфликт	помеѓу	себе,	таквата	состојба	е	планирана	од	страна
            на	управителите	со	цел	тие	да	владеат.	Владеење	над	некого	е
            историски	 примитивизам,	 односот	 на	 секој	 човек	 со	 друг	 и
            меѓусебното	 почитување	 и	 учење	 или	 осознавање	 на	 еден	 со
            друг	создава	чувство	на	задоволство.	Човекот	треба	да	се	стреми
            и	 делува	 да	 создаде	 задоволни	 луѓе,	 таквата	 цел	 ќе	 донесе
            спокојство	и	среќа	за	секоја	единка	на	планетата	Земја.

            Историјата	треба	да	е	неважна	поради	тоа	што	е	различна	или
            измешана	за	да	создава	незадоволство	меѓу	луѓето.	Таа	зборува
            за	обичаи	и	традиции	кои	во	суштина	раѓаат	различност.	Секоја
            различност	раѓа	нетрпеливост	и	омраза	кон	другиот.	Истото	важи
            и	за	сите	земји	во	светот,	без	разлика	дали	се	развиени,	средно
            развиени	или	сиромашни.	Не	се	многу	далеку	Првата	и	Втората
            светска	војна,	пред	само	70	години,	а	омразата	и	национализмот
            уште	 ги	 има,	 иако	 навидум	 тоа	 се	 заборави	 и	 сега	 нема
            проблеми.

            Зошто	 Велика	 Британија	 ја	 напушта	 eвропската	 заедница,	 а	 и
            други	 земји	 сакаат	 да	 го	 напуштат	 тој	 сојуз?	 Затоа	 што	 таквиот
            сојуз	 е	 лажен	 и	 полн	 со	 поединечни	 интереси.	 Такви	 сојузи
            немаат	 перспектива	 бидејќи	 претставуваат	 лажна	 целина.	 Не
            можеш	една	целина	да	ја	делиш,	целината	не	е	делива,	ако	се
            дели	 целина,	 тогаш	 се	 навлегува	 во	 демагогија	 со	 која	 една
            природна	 целина	 се	 негира,	 а	 се	 прикажува	 целина	 која	 не	 е
            цела.	Историјата	мора	да	се	заборава	или	игнорира,	а	целината
            да	се	оформува.

            Трансформацијата	која	ни	претстои	мора	да	биде	со	бавно	темпо,
            да	заличува	на	тргнување	на	парна	локомотива,	каде	по	извесно
                                          153
   150   151   152   153   154   155   156   157   158   159   160