Page 153 - ЦЕЛИНА
P. 153

силниците	мора	да	разберат	дека	и	самите	би	биле	посреќни	и
            позадоволни	од	денес.


            Во	 разни	 области	 во	 светот	 луѓето	 различно	 ги	 изразуваат
            чувствата.	 Луѓето	 денес	 се	 разликуваат	 помеѓу	 себе,	 имаат
            различни	 карактеристики.	 Како	 прв	 елемент	 за	 нееднаквост	 е
            средината	 во	 која	 секој	 човек	 живее	 и	 расте.	 Средината	 дава
            многу	елементи	за	оформување	на	карактерот	на	човекот.	Како
            втор	 елемент	 е	 образовниот	 систем	 и	 неговите	 разлики	 во
            создавање	 на	 човековиот	 карактер.	 Третиот	 елемент	 е
            различниот	 менталитет	 на	 луѓето,	 кој	 се	 создава	 од	 разни
            субјективни	и	објективни	причини.

            Емоциите	и	разумот	мора	да	се	во	паралелен	однос	и	да	не	се	во
            многу	 далечна	 врска.	 Денес	 разумот	 и	 емоциите	 се	 нееднакво
            изразени.	 Тоа	 би	 значело	 дека	 имаме	 луѓе	 со	 мали	 емоции	 и
            развиен	разум	и,	обратно,	луѓе	со	малку	разум,	но	многу	емоции.
            Многу	ретко	емоциите	се	на	исто	ниво	со	разумот.	Нееднаквоста
            на	 разумот	 и	 емоциите	 доведува	 до	 деформација	 на	 личноста.
            Создавање	 еднаквост	 или	 блиска	 еднаквост,	 каде	 емоциите	 и
            разумот	ќе	се	во	паралелен	однос,	мора	да	биде	приоритет	на
            општеството.

            Еднаков	образовен	систем	во	целиот	свет	е	потребен	за	да	води
            кон	создавање	на	рационален	карактер	на	човекот.

            Расудувањето	за	развитокот	на	општеството	ќе	доведе	до	етичко
            однесување	меѓу	луѓето.	Колективниот	спокој	ќе	се	препознае	и
            ќе	 влијае	 на	 човековите	 морални	 дејства	 и	 однесувања.	 Вака
            создадените	услови	ќе	доведат	до	состојба	на	препознавање	на
            иднината,	 која	 ќе	 ја	 мотивира	 свеста	 за	 побрз	 развој	 на
            општеството.

            Разликите	меѓу	луѓето	кои	денес	се	форсирани	од	историјата	ќе
            спласнат	и	ќе	се	намалуваат,	така	што	историјата	ќе	биде	смешна
            и	 досадна.	 Историјата	 е	 исполнета	 со	 крв	 и	 омраза.	 Зошто	 се
            изучуваат	 војни	 во	 кои	 се	 пролеала	 крв,	 зошто?	 Омразата	 се

                                          151
   148   149   150   151   152   153   154   155   156   157   158