Page 151 - ЦЕЛИНА
P. 151
Денес успехот на еден човек се мери во пари. Тоа ќе се смени,
луѓето ќе се интересираат и ќе сакаат да достигнат вистински
вредности. Човештината ќе биде цел на целината, но за да се
дојде до тој степен потребно е време. На почетокот во целината
потребно е да се вградат основните вредности на изедначување
на разумот, страстите, колективната волја и другите елементи на
еднаквост, а потоа кога ќе се добие доверба ќе почне да се
намалува желбата за пари кај луѓето.
Мојата ќерка пред една недела ми даде книга која била една од
најпродаваните книги во светот. До рани зори ја разгледував и се
вџашив. Поентата на книгата во една реченица е да научиш како
да правиш повеќе пари. Потребно е да се прашаме до каде дојде
светот.
Салиери во своето време бил еден од најголемите композитори.
Но, за негова несреќа, живеел во исто време со Моцарт.
Денешната генерација го познава Моцарт, а ретко кои Салиери.
Вредното и големото останува вечно. Нештото што има само
форма и нема содржина умира во тек со времето.
Односите во општеството се изместени и разнебитени. Луѓето
инстиктивно, генетски се борат за прогрес и просперитет за да го
добијат чувството на задоволство и спокој, но таа борба е
разводнета и ненасочена.
Таквата реалност создава хаос во чувствата, создава немир и
вознемиреност кај сите луѓе во светот.
Демагогијата надвладува и се применува за самозаштита и
одбрана за индивидуалниот статус и претставува можноста за
губење на индивидуална позиција која ја има секоја единка.
Денешните општествени односи се изместени и даваат лажни
вредности. Безвредни форми се нагласуваат за суштествени, а
суштината се минимизира или не се ни споменува.
Традиционалните односи се сметаат за неменливи и добри.
149

