Page 154 - ЦЕЛИНА
P. 154
создава најчесто поради тоа што историјата го нагласува
колективот на кого му припаѓаш. Денес имаме две соседни земји
со различна историја, што предизвикува огромна омраза и
нетрпеливост. Историјата некогаш се наметнува со намера да се
дисквалификува некоја заедница, а со тоа се поттикнува омраза
на едни кон други.
Денешниот општествен однос не се менува и од субјективни
причини. Историски секоја војна носи големи човечки жртви,
уништување на материјални добра кои ги создавале генерации.
На многу луѓе војните им нанесувале огромни штети, но на мал
број луѓе тоа им одговарало, а можеби и тие биле главните
иницијатори за војните.
Зошто? Од многу јасни причини, за лично богатење.
Како може некој да се збогати од војна?
Една земја која била во војна, без разлика дали е победник или
губитник, економски слабее и осиромашува. За да продолжи да
се развива таа мора да позајми пари за својот понатамошен
развој. Тој што ги дава парите на заем добива профит преку
интересната каматна стапка која се добива од позајмените пари,
сите други губат.
Овие луѓе кои даваат пари на заем, секогаш ја величат историјата
за да имаат простор да создаваат тензии за конфликти кога ќе
биде потребно. Речиси секоја земја има лоши односи со
соседите. Во моментот кога треба, тензијата лесно може да се
претвори во конфликт и да се предизвика војна.
Ако сакаме да карикираме можеме ова да го кажеме и на
поинаков начин.
152

