Page 152 - ЦЕЛИНА
P. 152
Ваквата состојба создава невидлив немир и шизофреничко
чувство. Незадоволството се чувствува, но не се гледа, се
чувствува нешто таинствено, нешто неприродно. Наметнатото
темпо и борбата за истакнатата форма што секој ден се
пропагира ги чувствуваме како дел од генезата. Окупираноста е
голема и создаде обвивка која всушност е многу порозна, но ние
немаме храброст да ја детектираме. Таа обвивка е како лушпа од
јајце, демагошки многу тврда и полна со мистика. Човековото
општество е блиск до пробивање на обвивката, но
канцерогените односи кои владеат се борат со сета сила да не се
скине тенката обвивка, за да не се откријат вистинските
вредности кои се дел од нас и ние ги посакуваме.
Шпекулациите од типот дека општеството оди во вистинска
насока се само заговор кој служи за неменување на постоечките
општествени односи. Денешните општествени односи
управителите ги бранат со примена на сите можни нешта. Оваа
расипана и подмолна борба е со цел да се задоволат нивните
интереси, кои во суштина и нив ги ставаат во нелогична и
незавидна положба. Индивидуалното задоволство никогаш не е
целосно ако околината е незадоволна затоа што единката не
живее сама. Се работи за патолошко генетско пренесено чувство,
самоодбраната за поголема сигурност всушност е непотребна.
Колективната среќа е целта која треба да ја бараме. Респектот
кон секој човек мора да биде предизвик во иднината. Само така
ќе се добие спокојството.
Чувството дека владееш со некого е примитивно историско
минато. Никој не се чувствува пријатно ако живее во лоша
околина која завидува. Богатите области или делови не се
самостојни единки кои се недопирливи, злото се пренесува
многу брзо, без разлика на големата заштита.
Едноставно мораме да разбереме дека светот денес е мало село,
дури во однос со другите планети кои нè опкружуваат.
Денешните општествените односи мора да ги менуваме, дури и
150

