Page 92 - ПАТЕКА 2
P. 92
13
Дијалектичкиот реализам ја проширува, ја развлекува
самата дијалектика. Дијалектиката мора да биде
општествено призната, така надградена таа прима
елементи на реалноста. Со самото тоа, таа не дава да
егзистира или го намалува влијанието на демагогијата. Во
моментот на добивање на општествено признание,
дијалектиката станува реална. Значи, со примена на супер
анализа т.е. поучување од страна на целокупната научна
мисла и добивање општествено признание се потврдува
тезата од страна на дијалектичкиот реализам.
Еве еден пример каде ќе се појасни суштината на
дијалектичкиот реализам. Како прв пример би го земал
најтешкиот, најболниот пример кој со векови го опкружува
човекот.
Војните се и во минатото и денес најтежок проблем. Ако
војните ги ставиме како предмет на испитување и ги
третираме со методот на дијалектички реализам ќе следи:
Прва анализа е да го одредиме мислењето и вистинската
волја на сите луѓе на светот. Дали војната е посакувана
или не? Од сите научни области, економски, социјални,
правни, филозофски, математички и другите научни
гледишта војната е осудена. Значи дијалектиката од сите
страни ја осудува војната и тоа завршува тука.
Дијалектичкиот реализам влегува подлабоко во анализите
91