Page 89 - ПАТЕКА 2
P. 89
доведоа својата земја на работ на банкротство. Замислете,
кога се појави должничката Европска криза во Грција
бројот на државниот апарат и вработените јавни или
општествени работници беше поголем од продуктивните
работници. Грците воопшто не се виновни за настанатиот
проблем, системот по природен пат со тек на времето ги
доведе во таа ситуација. Истото се случуваше и во други
земји од ЕУ.
Значи, самиот систем на бирање лидер кој ќе ја води
државата даде големи негативности. Тој пример важи и за
многу земји во светот каде имаме парламентарен систем.
Претседателскиот систем даде малку подобри резултати,
но не доволно задоволителни.
Светот денес навлезе во голема економска и политичка
криза. Самиот тој факт наметна прашање за менување на
општествените односи во светот. Нормално дека промената
на овој систем во целина има голем отпор од поедини
групи и индивидуалци затоа што тие мислат дека ќе
изгубат нешто што имаат денес. Водат голема борба да не
се сменат нештата затоа што сметаат дека им е добро во
системот кој владее денес и дека нивната сегашна позиција
ќе ја изгубат.
Општеството врие, бројот на незадоволни луѓе од ден на
ден се зголемува, терористички дејствија од ден на ден се
зголемуваат, невработеноста расте во целиот свет,
средната класа почна да изумира, двата блока се
престројуваат, целиот свет е вознемирен. Не знам дали
пораката од филмот Мед Макс ја разбра или не.
88