Page 87 - ПАТЕКА 2
P. 87
Како минувало времето така се менувале и племенските
односи. Племенската заедница се ширела од различни
причини. Една од главна причина за ширење на
племенските заедници во поголеми здружувања било
обединување на две или повеќе племенски заедници.
Спојување на повеќе племенски заедници во една било од
потреба да се добијат позајакнати, посилни групации. Во
понатамошниот период групите се ширеле и спојувале
најчесто по мирен и договорен процес или со војни. Со
проширување и одбележување на територии настанувале
државите.
Државите биле водени и управувани од кралеви или
цареви кои го смениле системот на бирање на лидерот кој
го води и управува народот во таа држава.
Титула крал, односно лидерот на секоја држава добива
наследна компонента. Значи лидер на државата т.е. крал
станувал најчесто принцот т.е. синот на кралот. Лидерот на
државата повеќе не било потребно да е физички јак и
силен за да стане крал туку таа функција се добивала по
пат на наследство во потесната кралска фамилија.
Секој крал немал иста способност и мудрост како неговиот
претходник да ја води својата земја. Погрешните потези на
кралот понекогаш биле со големи последици па доведувале
и до распаѓање на кралството. Во понатамошниот период
се наметнала потреба од подобар систем за бирање на
лидер на државата.
Демократскиот систем што и денес го имаме во поголемиот
број на земји бил најдоброто решение. Значи лидерот
86