Page 95 - ПАТЕКА 2
P. 95
сите денешни неправди и светот ќе го направи подобар,
посреќен, пољубовен, поспокоен итн.
За да биде ова појасно на масата за третирање со примена
на дијалектичкиот реализам ќе ставиме уште еден пример.
Банките! Зошто постојат банките? Тие постојат за од нив
да земаме кредити, своите пари да ги чуваме или штедиме
во банките и други помали услуги што ги вршат тие. Тоа се
основните причини зошто постојат банките. Тоа е
дијалектички и логично. Државата дава одобрение за
вршење банкарска дејност на некоја компанија која ги
исполнува условите.
Дијалектичкиот реализам оди подлабоко во анализата за
да открие дали банките ги вршат своите основни дејности
за кои се создадени или не.
Банките ги вршат своите основни дејности за што се
создадени, но со текот на времето стануваат и основни
двигатели на влијанија во многу сегменти на стопанскиот
живот во цел свет. Банките се длабоко инволвирани во
политиката на сите земји на светот, очигледно банките си
ја прошириле својата дејност.
Адвокатите и разните економски, консалтинг експерти кои
со своите услуги им помагаат на владите во сите земји да
се донесат добри закони и решенија се во директна спрега
со банките. Банките на тој начин директно се инволвирани
во државите во светот. Инволвираноста на банките во
државата е поради свој интерес и цел. Значи
дијалектичкиот реализам е потемелно третирање на
општествените односи.
94