Page 96 - ПАТЕКА 2
P. 96
Дијалектичкиот реализам со длабока анализа ја открива
негативната денешна појава и видливо ја дава во
понатамошна обработка. Дадената сирова маса влегува во
фаза на анализа и проучување со кое се докажува
реалната состојба.
Некои делови од општествениот живот не смее да бидат
оставени на волјата за одлука на поединци или групи.
Целината треба да ја преземе одговорноста за решавање
на битните прашања од општествен живот.
Издавањето на една парична единица во светот е потребно
и неминовно решение. Манипулациите што се прават со
разните валути кои ги имаме денес се рак рана за
целокупното општество. Оттука неминовноста од
решавање на овој голем општествен проблем треба да се
спроведе со дијалектичкиот реализам и проблемот,
односно решението ќе биде општествено признаено.
Ова би значело Обединетите нации во иднина ќе создадат
една парична единица која ќе биде контролирана. Новата
единствена парична единица ќе реши многу денешни
неправди во светот. Светската пара и нејзината основна
цел ќе биде да служи како вредност за размена на стоките
во светот. Ваквата поставеност и улога на светската
парична единица ќе доведе до решавање на многу
денешни проблеми. Како прв и најголем проблем кој
постои денес е несигурноста во заработените пари. На
пример, со ваков пристап ќе се реши денешниот проблем
на девалвацијата на парите. Денес вложениот минат труд
луѓето од целиот свет го чуваат најчесто во пари, тие со
95