Page 97 - ПАТЕКА 2
P. 97

самата девалвација на валутата што ја имаат во суштина ја
            намалуваат вредноста на минатиот труд.

            Вака  дадената  позиција  денес  отвора  многу  прашања  од
            економскиот, социјалниот.... живот. Денес поради ваквиот
            општествен  однос  постарите  граѓани  во  целиот  свет  се
            загрижени  поради  намалување  на  вредноста  на  минатиот
            даден труд.

            Една  парична  единица  ќе  даде  позитивни  вредности  во
            економијата во целиот свет. Планирањето на квалитетот на
            произведената  стока  ќе  биде  примарна  задача  и  цел,
            манипулацијата  на  разните  валути  денес  нема  да  биде
            вградена  во  економските  проекти.  Златото  кое  денес  се
            чува како покритие ќе биде само обична стока на пазарот
            итн.

            Разните    денешни     проблеми     од    сите    сфери    на
            општествениот  живот,  економски,  правни,  социјални,
            психолошки  и  други,  во  иднината  ќе  се  решаваат  со
            создавање на една целина во која сите негативни појави во
            општеството     ќе    бидат    решени     со   примена     на
            дијалектичкиот реализам.

            Денешните       финансиски      манипулации,       економски
            нелогичности коишто ни ги пласираат како реалност јасно
            и  видливо  ќе  исчезнат.  Светот  во  иднина  нема  да  има
            наметнати  вештачки  кризи.  Светските  кризи  кои  денес  се
            нормална појава јасно ќе бидат разоткриени и со тоа ќе се
            види кој и зошто ги конструира и за какви цели и интереси
            тие се создаваат.



                                          96
   92   93   94   95   96   97   98   99   100   101   102