Page 94 - ПАТЕКА 2
P. 94
Од тука излегува на површина прашањето кога една војна
ќе биде општествено призната или непризната. Одговорот
на ова прашање лежи во новата организираност на
Обединетите нации. Новото Собранието на ОН, кое во
иднина ќе има делегати од целиот свет, демократски
избрани, што значи пратениците од целиот свет ќе ја
претставуваат волјата на светот. Пратениците на ОН ќе
бидат оние коишто ќе дадат печат на секој предмет на
обработка и со самото тоа ќе се потврди општественото
признавање. Тоа би значело ако собранието на
Обединетите нации реши да има атак на некоја територија,
таквото решение ќе биде општествено признато.
Во иднината со ваков пристап, каде дијалектиката е
надоградена со реалност и со самото тоа добие
општествено признание, ќе дојдеме до примена на
дијалектичкиот реализам.
Не смее некоја земја да нападне друга земја ако не е
општествено признато. Некој си претседател на некоја си
земја решава во име на демократијата или на основа на
измислена причина да нападне некоја земја. Секоја војна
се води за одредена цел, нема случајности ниту грешки,
само свесни намери под параванот на повисоки хумани
цели. Дијалектичкиот реализам јасно и недвосмислено
го гледа овој денешен проблем во јакнење на целината, а
таа целина треба да одлучи со консензус дали некаде мора
да се примени сила или не.
Дијалектичкиот реализам ја отфрла, уништува
демагогијата, ја прифаќа само вистината. Таа ќе ги победи
93