Page 88 - ПАТЕКА 2
P. 88
денес го бира народот на избори каде мнозинските гласови
одлучуваат кој ќе ги води. За лидерите да бидат појаки и
со тоа да победат на избори тие мораат да се дел од
здружена група луѓе која се нарекува партија. Обично
претседателот на партијата која добива на избори станува
лидер на државата. Таквото здружување или Партија
добива облик на група луѓе кои имаат свој заеднички
интерес.
Партијата која добива на избори управува и ја води
државата. По принципот на акција и реакција овој систем
дава добри, но и лоши појави. Членовите на партијата која
ја води државата се привилегирани и добро згрижени.
Членовите на партиите се најчесто лидери на мали
подгрупи во партијата кои се борат за гласови за следните
избори.
Ваквиот систем доведе до создавање нова класа т.е.
ПАРТИСКА КЛАСА која во суштина е непродуктивна и
паразитарна. Партиската класа не може да егзистира без
пари, таа кога е на власт се наметнува и во стопанскиот
живот. Ако ги апстрахираме уредувањата на денешните
државни различни системи ќе ја добиеме истата суштина.
Партиите неминовно раѓаат или привлекуваат со својата
моќ компании кои се високо профитабилни, (коцкарници,
нафтени компании, монополски компании кои се
надгледувани од државата итн.). Најчесто овие компании
ги отвораат нивни членови или симпатизери верни на
партиите.
Ова е рак рана за сите земји на светот. Еден очигледен
пример е Грција каде партиските класи (кланови) ја
87