Page 90 - ПАТЕКА 2
P. 90
Некој мисли дека ќе се спаси и дека нема да биде
забележан, како нојот кога сака да се сокрие.
Решение на овој горчлив проблем е неминовен. Ако
направите анализа и го употребите дијалектичкиот
реализам како метод за проучување ќе дојдете до резултат
дека промените се неминовни, исчекорот и качувањето на
повисоката скала е потребен.
Влијанието на Обединетите нации денес е минорно, тие
придонесуваат во остварување на одредени хуманитарни,
социјални проекти, но немаат големо влијание на битните
светски одлуки. Зближувањето на сите земји на светот е
неминовно. Денешната доминација на одредени земји на
светот во суштина не им користи на тие земји.
Не може да се апстрахира целината. Денес западните земји
се наполнија се емигранти од сиромашните земји. Логично
и нормално е тој процес да престане. Престанување на
овој нелогична појава ќе се реши само со создавање
здрава целина во која секој еден ќе добие услови за
нормален развиј. Секој оној кој ќе добие услови за
нормален живот сигурно не би сакал да го напушти своето
огниште.
Наша цел и задача на сите нас е да почнеме да градиме
едно општество во кое сите ние јасно и чисто ќе ја видиме
патеката која нè води во иднината. Отпочнување на
градење на една единствена земја во целиот свет е
неизбежен процес. Ако не се почне да се размислува во таа
насока ќе го видиме светот кој ќе наликува на филмот од
Мед Макс или, пак, да не даде Гопсод ќе доживееме
самоуништување.
89