Page 86 - ПАТЕКА 2
P. 86

12



            Со првите човекови здружувања настанале првите никулци
            на   групното     живеење,     таквите    услови    природно
            наметнувале потреба од лидерство, член на племето кој ќе
            ги  преземе  обврските  и  одговорностите.  Секојдневните
            меѓусебни  односи  и  првата  распределба  на  трудот  во
            племенската  заедница  ја  наметнале  потреба  од  водење,
            одлучување и развојот во племенската заедница. Лидерите
            се  наметнувале  со  своите  индивидуални  квалитети.  На
            почетокот физичката сила на поединците бил одлучувачки
            квалитет  за  избирање  на  лидерот  во  племенската
            заедница.  Во  понатамошниот  период  лидерот  морал  да
            поседува  мудрост  и  способност  за  полесно  и  повешто
            водење на заедницата.

            Тоа  бил  природен  процес  кој  и  денес  се  гледа  кај
            животните. Секое крдо на слонови, заедница на мајмуни и
            многу  други  животни  има  лидер.  т.е.  водач  кој  го  води
            своето  крдо,  јато  или  група.  Лидерите  секогаш  биле
            сменувани по насилен пат. Тоа најчесто се случувало кога
            лидерот  со  времето  стареел  и  физички  слабеел.  Младите
            кои  растеле  и  секојдневно  физички  зајакнувале  добивале
            предизвик да станат нови лидери.

            Лидерите најчесто  се менувале  во борба  во која  се  раѓал
            нов лидер или стариот останувал.




                                          85
   81   82   83   84   85   86   87   88   89   90   91