Page 83 - ПАТЕКА 2
P. 83
Автомобил кој денес на пазарот вреди 50 000,00 долари
има вклучено и данок на промет кој изнесува 8 000,00
долари. Ако нема други даноци, а општите добра мора да
се подмират, данокот на промет би бил 20 000,00 долари.
Што би значело, автомобилот од 50 000,00 би се продавал
за 62 000,00 долари.
(Напомена, цифрите и бројките во книгата се измислени и
се ставени само како параметар за да се објасни примерот)
Зошто е важно ова да се разбере? Затоа што ако ова се
гледа површно не е важно затоа што изгледа исто. Дали
општествените добра (школи, болници,полиција, војска
итн.) се плаќаат од овој или оној данок, е исто. Но, не е
така. Многу е важно и суштествено кој треба да ги плати
општествените добра.
Ако ова не се разбере 50% од луѓето во светот кога ќе одат
во пензија треба да ја продадат својата куќа и да купат
помала, голем е процентот на луѓе кои го губат своето
работно место или се разболуваат итн. па мора да ја
продадат својата сакана куќа.
Депресијата и неспокојството секогаш демнат над секого.
Дали се прашал некој зошто и кој го измислил овој систем
кој нè засега сите нас. Овој систем е во суштина направен
да создава притисок во кој сите ние ќе се плашиме да не
ни се наруши спокојството, а ваквата состојба нè става во
состојба на борба за пари, едноставно да ги плаќаме
годишните сметки. Што би се случило да го смениме
денешниот систем?
82