Page 84 - ПАТЕКА 2
P. 84

Ако се промени денешниот систем едноставно ќе се изгуби
            притисокот,  парите  нема  да  се  доминантни,  дружбата  ќе
            биде поважна од парите, целината ќе се зајакнува, правата
            вредност ќе доминира, спокојството ќе порасне, семејните
            караници  ќе  се  намалат,  со  еден  збор  ќе  исчекориме  во
            подобар период.

            Што зборува овој будала?! Што меша баби и жаби?! А бе
            зошто ја читам оваа книга, сами глупости?!

            Да, ти ја читаш ова книга и мислиш така за мене, а некој
            друг  што  го  измислил  овој  денешен  систем  ја  чита  оваа
            книга и се гледа загрозен затоа што гледа дека ќе изгуби,
            дека нема да биде во центарот на вниманието, гледа дека
            со пари нема да може да купи сè што ќе посака денес. Ќе
            може да купи најново порше, но не може да купи добра и
            убава  пријателка  која  не  му  го  мрзи  здивот  од  устата  и
            миризливата  киселина  од  неговата  кожа.  Таа  нема  да  го
            напушти своето момче кое има мала куќичка и да се грижи
            како да го плати данокот на имот оваа година. Таа ќе лежи
            до саканото момче, ќе си чита добра книга и ќе биде многу
            среќна. Таа лежерно и темелно без притисок ќе се труди да
            го заврши факултетот кој ќе ѝ овозможи да напредува во
            својот живот со саканото момче.

            Новиот  систем  ќе  биде  праведен  кон  сите  и  нема  да  им
            служи  на одредени малцинства.  Не  е  праведно  и  човечки
            некој  да  се  изживува,  да  малтретира,  а  мнозинството  да
            нема доволно за основен живот.

            Ние  мора  да  размислуваме  за  иднината,  како  да  ја
            зајакнуваме целината, да ги сакаме луѓето, да се гордееме
            со тоа што напредуваме.
                                          83
   79   80   81   82   83   84   85   86   87   88   89