Page 82 - ПАТЕКА 2
P. 82

е твоја, во суштина ти си кираџија во сопствената куќа која
            со мака си ја купил или изградил. Поентата е во тоа што
            приватната    сопственост     е   нарушена.     Секој   имот,
            недвижност  која  се  мачиш  да  ја  изградиш  или  купиш  во
            суштина не е твоја.


            Овој систем е воведен за секогаш да има притисок кој раѓа
            депресија,  поттикнува  неспокој  и  многу  други  ментални
            проблеми.

            И  овде  ли  се  работи  за  утопија?  Значи  утопија  е  кога  се
            бара  спокојство  и  мир,  а  реалноста  е  кога  се  поддржува
            неспокојството,  депресијата...  Тебе  ти  е  лесно  годишните
            трошоци ги плаќаш и велиш ова е утопија, ова нема врска
            со реалноста. Што правиме ако добиеш отказ од работа па
            немаш  пари  да  ги  платиш  годишните  фиксни  трошоци?
            Тогаш ќе биде доцна затоа што и ти ќе бидеш скршен, и ти
            ќе бидеш од другата, темна страна на медалот.

            Во  светот  не  смее  да  има  никаков  данок  освен  данок  на
            промет.  Тоа  би  значело  данок  ќе  плаќа  оној  кој  користи
            НОВА  ВРЕДНОСТ.  Старата  вредност  е  веќе  платена,  не  се
            плаќа за веќе платена вредност.

            Од  ова  произлегува  прашањето  кој  би  ги  платил
            денешните трошоци кои се покриваат од данокот на имот и
            од другите разни даноци. Па се разбира данокот на промет
            ќе ги покрива сите општествени потреби.

            Данокот  на  промет  е  во  суштина  зголемена  вредност  на
            новата вредност.

            За ова да биде појасно ќе наведам еден пример.

                                          81
   77   78   79   80   81   82   83   84   85   86   87