Page 81 - ПАТЕКА 2
P. 81

вториот случај ќе се зголемат со употреба на електрични,
            соларни автомобили. Водата, струјата е голем проблем за
            луѓе коишто немаат пари да ги платат и овие сметки. Затоа
            тие треба да бидат бесплатни. Водата е дар од природата,
            а таа е претворена во бизнис. На кого му припаѓа изворот
            од планината? Зар тој на е дар од природата за сите нас?
            Во тој случај би се довеле во ситуација да се прашаме кој
            ќе го одржува тоа и ќе го става во функција сето? Добар
            пример  за  ова  е  Канада  каде  секој  државјанин  има
            бесплатно здравство. Парите за здравството во Канада се
            земаат директно од данокот на промет. Овој пример мора
            секоја земја да го следи. Затоа што сè е општествено добро
            и неопходно за секој човек на светот треба да е бесплатно,
            но не во вистинска смисла на зборот. Сметката треба да се
            плати  од  данок  на  промет,  што  би  значелодека  сите
            граѓани  треба  да  ги  платат  трошоците  за  одржување  на
            општото добро.

            Данок  на  имот?  Што  е  тоа,  арач,  глоба,  рекет,  ШТО?
            Данокот  на  имот  е  демек  јас  имам  поголема  куќа  од
            другиот и јас плаќам 5 000,00 долари, а тој 1 000,00. Што е
            ова ?

            Ако  јас  имам  поголема  куќа  од  другиот  јас  во  текот  на
            изградбата,  при  купување  на  градежните  материјали  сум
            платил  повисок  данок  на  промет.  Што  се  случува  денес?
            Твојата куќа може да ти ја земе државата затоа што не си
            платил данок на имот. Ако не се плати данокот на имот кон
            државата,  таа  ја  одзема  и  ја  дава  на  лицитација  да  го
            наплати  данокот,  а  остатокот  од  парите  ти  ги  враќа  со
            минусирани  трошоци  за  разни  адвокатски  и  други
            административни услуги. Значи во суштина твојата куќа не

                                          80
   76   77   78   79   80   81   82   83   84   85   86