Page 80 - ПАТЕКА 2
P. 80

до намалување на имотниот статус на секој поединец. Тоа
            намалување  доведува  до  индивидуална  депресија,  која
            влијае на секој од нас. Депресијата може и да се разгори и
            да  навлезе  во  потешка  фаза  која  би  имала  големи
            последици па дури и смрт. Дали некој кој би влегол во овој
            денешен лавиринт со огромен притисок може да се одмори,
            да  се  соземе  и  да  продолжи  понатаму?  Денес  тоа  е
            невозможно,  отворањето  на  поштенското  сандаче  кое  е
            полно со секојдневните сметки ти ја зголемува депресијата.

            Данокот  на  имот,  сметката  за  електрична  енергија,
            сметката  за  вода,  трошоци  за  автомобилот,  регистрација,
            делови  и  празниот  резервоар  за  бензин,  разните
            осигурителни  сметки,  школарини  и  другите  трошоци
            доведуваат  до  депресија  ако  ги  немате  парите  што  треба
            да  се  платат.  А  причините  се  објективни,  а  не  се
            субјективни?


            Како  ова  да  го  смениме  и  да  го  отфрлиме  за  да  имаме
            подобра  иднина  во  која  нема  да  бидеме  засегнати  и
            депримирани?  За  ова  прашање  треба  да  се  дебатира  и
            воедно да се наоѓаат решенија.


            Неопходно е менувањето на градбата на куќите во правец
            на  штедење,  односно  поекономично  загревање  на
            домовите. Денес технологијата дозволува да се развиваат
            начини  за  намалување  на  трошоците  за  опслужување  на
            нашите  домови.  На  пример,  соларни  плочи,  кои  би  ги
            заменувале  ѕидовите  со  што  би  држеле  еднаква
            температура преку целата година.

            Трошоците  за  автомобилите  (бензин,  масло,  антифриз
            итн.)  и  здравата  еколошка  средина  ќе  се  намалат  или  во
                                          79
   75   76   77   78   79   80   81   82   83   84   85