Page 110 - ПАТЕКА 2
P. 110
Љубомората може да е причина што ја поттикнува злобата
кај луѓето, да бидам искрен ова не ми е познато. Но, ако е
тоа причината која подоцна влегува во хроничен комплекс,
тогаш тоа е болест, но тоа не е ништо страшно, за тоа има
лек, страшно е ако е малигнен тумор за кого нема лек.
Перманентна едукација на целокупното население во
светот е лекот за љубомората да се излечи, тоа не е голем
проблем.
Дали на една спортска трка сите се победници, просто и
логично дека не се. Поразениот од трката ги увидува
своите субјективни или објективни грешки и тој се спрема
во иднина за следната трка, за да биде победник.
Поразениот мислам дека никогаш не помислил да му ја
скрши ногата на победникот за на следната трка без
конкуренција да победи.
Сите ние треба животот да го гледаме како спортски
натпревар, а не дека ќе живееме вечно.
Сите треба да добијат шанса да живеат релативно добро.
Не е фер да убиваш некого за да живееш подобро, тоа не е
човечно. „Местени“ војни кои ги имало во историјата имале
цел да се ослаби една а да се зајакне друга земја. Вакви
„местенки“ во иднина нема да поминат затоа што трета
светска војна ќе нè уништи сите, во таква ситуација нема
да биде важно колку пари или богатство имаш.
Да тргнеме во друга насока. Еве да претпоставиме, јас
имам 10 милијарда долари. Овие пари сум ги заработил
чесно, сите даноци се платени коректно и законски. Што би
направил? Би направил куќа од милион квадратни метри,
109