Page 170 - ЦЕЛИНА
P. 170
15. Тука не се спомнува ниту комунистички ниту капиталистички
систем, едноставно тоа е ЧОВЕШТВО. Во иднината човекот ќе
биде спокоен, сакан, почитуван од општеството, едуциран, чесен,
едноставно среќен.
16. Етиката и моралот некој не ќе ги спомнува, тие ќе бидат дел
од секој меѓусебен однос, во самиот систем на општеството.
17. Злобата и алчноста ќе бидат непознати.
18. Ќе нема коцкарници во кои луѓето ќе бидат измамени и
ограбени, парите и желбата за нив ќе бидат непознати и смешни.
19. Дали некој спомна војна или филм каде се убиваат луѓе?
20. Дали Смит и Џесика се роботи?
Во иднина суштината на живеењето ќе биде најважна,
спокојството на луѓето ќе биде секојдневно.
Каков живот, би помислил некој, нема убиства, нема војни, нема
неверства, нема важни луѓе кои ќе ја ранат својата суета, нема
возбуда која денес е посакувана?!
Мора да го поставам ова прашање кое знам дека многу луѓе би
го поставиле. Дали ваквиот живот е досаден? Не би сакал да
живеам во тоа време… нема возбуда, нема крв, нема
неизвесност. Одговорот на ова прашање е следен.
Во иднина пријателството меѓу луѓето ќе биде тотално, секој
секого ќе го чувствува како свој брат, љубовта ќе владее на сите
полиња, сексот ќе бидат заснован на тотална љубов и
почитување. Денешните брачни заедници се полни со неверство
и љубомора еден кон друг, речиси сите или мнозина се
преправаат дека љубовта кон партнерот е голема. Денес
општествените односи се без суштина. Суетни луѓе насекаде и
борба за нешто без суштина.
168

