Page 169 - ЦЕЛИНА
P. 169
1. Облеката не е ни спомната затоа што е неважна и е чиста
форма.
2. Очигледно дека никој нема свој стан и постојано место на
живеење. Оттука се гледа дека никој нема ни потреба од своја
лична сопственост.
3. Парите не се ни споменуваат затоа што нема потреба од нив.
4. Љубовта е голема.
5. Денот е исполнет максимално.
6. Чувството на среќа е големо.
7. Одговорноста кон работата е огромна. Не е важно кој колкав
придонес има кон општеството.
8. Спокојството е очигледно.
9. Љубомората одамна исчезнала.
10. Не е познато каква боја на кожа имаат Смит и Џесика, ниту
некој е заинтересиран за тоа.
11. Не се ни спомнуваат болести, затоа што сите живеат во
еколошка и чиста средина. Ако Смит имаше некакви проблеми
со здравјето, веднаш ќе беше повикан од медицинскиот
персонал, кој ќе ги има сите податоци за неговото здравје во
моментот кога тој ја напушти бањата.
12. Се гледа дека ќе нема потреба од многу институции кои
денес постојат.
13. Никој нема приватни автомобили.
14. Од наследство нема ниту трага ниту глас. Едно дете родено во
тоа време нема потреба од наследство.
167

