Page 165 - ЦЕЛИНА
P. 165

убиства,	 војни	 и	 крвопролевања	 се	 предизвикани	 точно	 од
            завист	 кон	 оној	 кој	 е	 поуспешен,	 секој	 добива	 желба	 да	 го
            уништи	 подобриот	 за	 да	 го	 заземе	 неговото	 место.	 Денес	 тоа
            изразено	во	политиката,	деловниот	живот,	љубовните	односи	и
            во	многу	други	општествени	односи.
            Љубовта	 кон	 човекот	 и	 откривање	 на	 добрината	 мора	 да	 ги
            споделуваме.	 Денешните	 деформации	 кои	 злото	 го	 сметаат	 за
            составен	 дел	 на	 животот	 мора	 да	 ги	 отфрламе	 од	 себе	 и	 од
            целината.	 Религиите	 се	 примаат	 погрешно	 и	 служат	 да	 ја
            разделат	 целината.	 Денес	 имаме	 делови	 во	 целината	 каде
            владее	 омраза	 меѓу	 нееднаквите.	 Сите	 овие	 недостатоци	 во
            иднина	мора	да	се	анализираат	и	да	се	изнајде	решение	со	кое
            ќе	се	создаде	доверба	и	почитување меѓу	луѓето.

            Здружувањето	 настанало	 во	 моментот	 кога	 човекот	 бил
            принуден	 да	 се	 обединува	 за	 да	 биде	 посилен	 од	 другите.
            Племенската	 заедница	 како	 облик	 на	 здружување	 е	 создадена
            од	повеќе	фамилии.	Во	племенската	заедница,	љубовта	не	била
            изразена	 помеѓу	 еден	 маж	 и	 една	 жена,	 полигамната	 љубов
            доминирала.	 Љубовта	 кон	 своето	 племе	 и	 околината	 што	 го
            опкружувала	 била	 нагласена	 кај	 човекот	 и	 таа	 постоела.	 Во
            понатамошниот	период	племенската	заедница	се	проширувала	и
            растела	во	населби,	поголеми	територии	и	се	создале	услови	за
            создавање	држави.	Во	таква	проширена	заедница	со	голем	број
            луѓе	се	појавила	потреба	од	брачни	заедници	кои	создаваат	свои
            потомци.	Една	од	многуте	причини	за	создавање	семејство	или
            брак	 помеѓу	 еден	 маж	 и	 една	 жена	 била	 сигурноста	 или
            заштитата	од	другите	луѓе.	За	брачните	односи	помеѓу	еден	маж
            и	една	жена	се	раѓа	релативна	љубов,	која	е	столб	за	одржување
            на	 бракот.	 Со	 раѓање	 деца	 во	 бракот	 се	 создава	 љубов	 помеѓу
            членовите	во	фамилијата.	Љубовта	е	содржина	или	производ	на
            сигурност,	 навика,	 крвно	 сродство,	 наследен	 и	 создаден	 имот,
            традиција	и	други	нешта.




                                          163
   160   161   162   163   164   165   166   167   168   169   170