Page 162 - ЦЕЛИНА
P. 162
Состојбата во која се наоѓа целата планета мора да се разбере од
страна на релевантните институции и земји во целиот свет и да
се пристапи кон создавање на целината. Систем на демократски
избрани пратеници од целиот свет и ротирање во области во
светот кои ќе ги претставуваат во светското собрание е
неизбежен процес што ќе го стабилизира светот. Секој светски
пратеник мора доброволно да се согласи да работи и твори
целиот свој живот во светското собрание. Тој мора да знае дека
нема да работи за пари, тој ќе ги има сите можни бенефиции и
лични потреби до крајот на својот живот. Тој мора да ги заборави
својата фамилија и пристрасноста кон своите пријатели и својата
држава. Секој светски пратеник мора да знае дека ќе мора да се
жртвува за човештвото. Одговорот на горното прашање е јасен и
прецизен, никој во ваков систем нема да може да корумпира за
да стигне до некоја цел и да оствари личен интерес.
Лажните системи кои се наметнуваат, се користеле и се користат
за лични интереси. Време е да се разоткријат и човекот да добие
волја за подобро живеење. Континуираните лаги и злодела
човекот е должен да ги открива за да ги уништува. Качувањето
нагоре во една целина ќе го намалува незадоволството и ќе го
зголемува задоволството, таквата состојба ќе ја уништи
неправдата, а ќе ја зголемува правдината во целината.
Мишел де Монтењ (1533-1592) е претставник на чудесните
филозофи од времето на Ренесансата, кој рекол:
„Видов многу пресуди кои беа потешки од самото злосторство“.
Откако го наследил татко си, се повлекол да размислува. Монтењ
бил мајстор на етиката. Станал човек кој ја откривал добрината.
Еве една личност која би се жртвувала и би станала светски
пратеник за доброто на човекот. Тој е космополит, се чувствувал
граѓанин на светот, близок со сите луѓе и народи. Мишел де
Монтењ бил посветен на воспитувањето.
160

