Page 166 - ЦЕЛИНА
P. 166

Човекот	 има	 различен	 однос	 кон	 бракот	 и	 потреба	 од	 бракот,
            некој	е	во	брак	од	егзистенцијални	лични	проблеми,	некој	е	во
            брак	 од	 љубов	 кон	 партнерот,	 некој	 е	 во	 брак	 од	 љубов	 кон
            децата,	 некој	 е	 во	 брак	 поради	 традицијата,	 некој	 е	 во	 брак
            поради	статусот	или	од	други	причини.
            Многу	 филозофи	 зборувале	 за	 бракот	 и	 семејството.	 Едни	 ја
            истакнувале	 фамилијата	 како	 основен	 столб	 на	 живеењето	 и
            неопходност.	 Други	 ги	 негирале	 првите	 и	 кажувале	 своја
            поинаква	 филозофија	 за	 бракот	 и	 семејството.	 Трети	 имале
            различно	мислење	од	првите	и	вторите.

            Филозофите	 кои	 своето	 мислење	 јавно	 го	 истакнувале	 се
            утопистите	 со	 својата	 филозофија	 дека	 фамилијата	 не	 треба	 да
            биде	основа	за	здружување.	Тие	тргнувале	од	големиот	проблем
            на	 наследството,	 што	 ја	 нарушува	 стартната	 позиција	 за	 секој
            човек	 во	 светот.	 Од	 тие	 причини,	 тие	 велат	 дека	 не	 треба	 да
            постои	 брачната	 заедница	 затоа	 што	 таа	 создава	 незадоволни
            луѓе.

            Во	иднината	треба	да	се	заземе	став	за	бракот	и	да	се	дојде	до
            разумно	и	вистинско	решение.

            Наследството	е	најголем	проблем.	Секој	човек	има	своја	стартна
            позиција.	Ваквата	реалност	создава	незадоволство	и	револт	кај
            тие	кои	стартуваат	подалеку	од	целта.

            Некој	наследува	големи	пари,	а	некој	ништо.

            За	да	се	истрча	кругот	на	животот	и	да	се	постигне	личен	успех	и
            исполнетост	 потребна	 е	 енергија.	 Малиот	 успех	 создава
            депресија	 која	 раѓа	 незадоволство.	 Незадоволен	 и	 депресивен
            човек	продуцира	и	создава	проблеми	во	општеството.

            Во	 суштина	 овој	 проблем	 е	 голема	 пречка	 за	 развивање	 на
            општествените	односи.	Поставеноста	на	денешните	општествени
            односи	раѓа	вакви	проблеми.	Повисокото	ниво	на	општествени


                                          164
   161   162   163   164   165   166   167   168   169   170   171