Page 161 - ЦЕЛИНА
P. 161

поголема	корист	во	целината	отколку	денес.	Во	состојба	во	која
            луѓето	 од	 целиот	 свет	 ќе	 имаат	 поголем	 стандард	 или	 повеќе
            пари,	тогаш	побарувачката	ќе	биде	многу	поголема.

            Знам,	 следи	 одговорот,	 секоја	 земја	 си	 има	 своја	 даночна
            политика.	Таквиот	одговор	е	смешен	и	нереален	во	практика,	се
            виде	 колку	 земјите	 се	 грижат	 за	 своето	 население.
            Мултинационалните	 компании	 ги	 корумпираа	 сите	 влади	 во
            светот	за	да	плаќаат	помал	дел,	а	големиот	дел	на	профитот	да
            останува	за	нив.	Жално,	но	тоа	е	реалноста.
            Оттука	   следи	    друго	   логично	    прашање.	    Доколку
            мултинационалните	 компании	 ги	 корумпираа	 сите	 влади	 на
            светот,	 зошто	 не	 би	 ги	 корумпирале	 пратениците	 на	 светското
            собрание?
            Светот	 денес	 е	 во	 расчекор	 со	 поставеноста	 на	 општествените
            односи	во	целина.	Имаме	развиени	компании	и	големи	приходи,
            имаме	 сиромаштија	 од	 големи	 размери,	 која	 секојдневно
            размислува	да	мигрира	во	западните	земји.
            Едното	 и	 другото	 не	 се	 поддржуваат	 и	 затоа	 имаме	 големо
            незадоволство	во	целиот	свет.	Ако	ова	не	го	балансираме	и	не
            внесеме	 свежина	 во	 ваквиот	 систем,	 во	 следниот	 период	 ќе
            имаме	 хаос	 во	 општеството,	 а	 тоа	 значи	 повеќе	 тероризам	 и
            зголемена	борба	на	религиска	основа	и	создавање	војни.	Хаосот
            ќе	 донесе	 поголема	 поделеност	 и	 сепаратизам,	 затворање	 на
            границите	 и	 поголеми	 огради	 меѓу	 денешните	 земји	 во	 светот.
            Таквата	состојба	ќе	доведе	до	распаѓање	на	мултинационалните
            компании	 од	 логични	 причини,	 бидејќи	 нема	 да	 можат	 да
            произведуваат	 и	 извезуваат	 во	 светот,	 ќе	 се	 вршат	 диверзии	 и
            уништување	 на	 нивните	 фабрики.	 На	 крајот	 не	 ќе	 може	 да	 се
            избегне	почеток	на	војна	која	ќе	уништи	сè	и	ќе	нема	победници.
            Губитник	ќе	биде	човекот	и	прашање	е	дали	ќе	остане	некој	жив.
            Затоа	 треба	 добро	 да	 се	 размисли	 и	 да	 се	 увиди	 реалноста	 за
            навреме	да	се	реагира	со	цел	да	се	унапредува	општеството,	а	не
            да	се	уништи.
                                          159
   156   157   158   159   160   161   162   163   164   165   166